18 Мај, 2024
0.0627

Совршен викенд за целото семејство. Многу изненадувања и забава овој викенд на Саемот за деца и родители во Skopje City Mall

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Брзиот начин на живот и модерното секојдневие направија родителите да имаат многу помалку слободно време да се дружат со своите деца, заедно да спортуваат и да се забавуваат. Денешните деца своето слободно време од денот го поминуваат на компјутерите и своите паметни телефони, а родителите се обидуваат на секаков можен начин преку насмевка и игра да им го разубават викендот и да им ги „влеат во крвта“ спортувањето и забавата на своите најмили. Токму забавата, дружењето, арт и крафт работилниците, спортските активности, пеењето, танцувањето, наградите, заедничките игри помеѓу децата и родителите, како и големите неверојатни попусти во продавниците, ќе бидат во фокусот овој викенд, од петок до недела (20-ти до 22-ри ноември), во Skopje City Mall, каде ќе се' одржи 6-от по ред Саем за Деца и Родители.

саем за деца

Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година нуди многу новитети кои го прават нашиот најголем мол омилена дестинација за децата и родителите овој викенд.

саем за деца 1

Сите посетители од 18:00 часот во петок, па се до 18:30 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку Art & Craft центарот, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. На музичката и денс сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса од прва рака да се запознаат со Едукативната патека од Маврово која овој викенд е преселена во Skopje City Mall и истата организира голема наградна игра за секој посетител. Музичките и танцовите шоуа секогаш се вистинско уживање за децата кои ќе можат овојпат да проследат настапи на неколку училишта за музика и танц, а планирани се и гостувања на познати музички ѕвезди кои засега се кријат во тајност. Омилените детски ликови, Маша и Медо, заедно со својата Весела училница ќе бидат вистински хит, додека семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд. За време на Саемот за Деца и Родители ќе биде присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

саем за деца 2

Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата