18 Мај, 2024
0.0275

S&P го оцени Триглав како капитално силна групација со стабилно профитабилно работење

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Бонитетната агенција S&P Global Ratings (во продолжение S&P) на 7.9.2018 г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво, Заваровалница Триглав и на компанијата ќерка Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оцена и бонитетната оцена на финансиска моќ со »A«. Бонитетните оцени имаат стабилна среднорочна прогноза. Според изјавите на S&P, потврдата на високата оцена е одраз на водечката положба на Групацијата Триглав на словенечкиот растечки пазар и во регионот, нејзиното стабилно и добро работење во последните години, како и цврстата капитална адекватност, којашто се темели на добро управување со ризиците.

Профилот на деловниот ризик се оценува како солиден

S&P го оценува профилот на деловните ризици на Групацијата Триглав како солиден. Оцената се темели на нејзината водечка позиција во Словенија и во регионот, профитабилната и разновидна понуда на осигурителни услуги, добро развиената продажна мрежа и моќниот бренд. Како важни аспекти се наведуваат стратешкиот фокус на Групацијата на клиентите, нејзиното водечко место во иновативни осигурителни решенија во регионот и користењето на алтернативни продажни канали, како што е онлајн продажбата.

Профилот на финансиски ризици оценет како солиден

S&P наведува дека капиталната адекватност на Групацијата ги исполнува критериумите на рејтингот »AAA«,а дополнително е потврдена и со количникот на капиталната адекватност согласно Солвентност II, во висина од 222%, на крајот на 2017 година. Профитабилното работење, доста конзервативната и стабилна реосигурителна заштита и претпазливото управување со резервациите обезбедуваат финансиска стабилност на Групацијата. Триглав има добро дисперзирана инвестициска структура, главно фокусирана на инвестиции во еврозоната. Според мислењето на S&P, значајна предност на Триглав воедно е неговата исклучителна ликвидност. Основана е на редовни приходи од премии и ликвидни финансиски средства, што на Триглав му овозможува управување со неочекувано големи штети. S&P наведува дека искусниот менаџмент успешно ја прилагодува работата на Групацијата на променливите услови на пазарот и на средината, а притоа се фокусира не само на  двете главни дејности на Групацијата (осигурување и управување со имот), туку и на имплементација на планираната стратегија.

Бонитетната оцена »A«го рефлектира самостојниот кредитен профил на Групацијата и не вклучува какво било влијание од поврзаноста на Групацијата со државата.

Стабилната среднорочна прогноза на бонитетната оцена ги одразува очекувањата на S&P, дека Групацијата Триглав и понатаму успешно ќе ја спроведува деловната стратегија, со акцент на профитабилност, раст и зачувување на високата капитална адекватност во следните две години.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата