18 Мај, 2024
0.0320

Спасов: Пуштил ли Стојко рогови? Јас мислам не!

Објавено во: Македонија 24 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Широка поддршка доби директорот на Државниот пазарен инспекторат, а во негова одбрана застанаа и луѓе блиски на партијата на власт. Ѓорѓи Спасов е еден од нив. Во своја објава на фејсбук, Спасов прашува каква порака ќе се испрати ако се разреши Стојко Пауновски само затоа што се спротивставил на хиерархијата. 

„Дали пораката е дека никој не смее да им се спротиставува и на најбизарните решенија на владата. И дали таа ќе ги наградува само послушните а ќе ги казнува одговорните и совесните. Тој модел на дисциплинирање тешко може да се брани и оправда затоа што е во спротивност со она што се бара од раководителите на разни оддели во јавната администрација и со етичкиот кодекс во јавната администрација. Наредбата ако е во спротивност со личното уверување и со совеста дека со неа му се прави штета на општеството е подобро да не се почитува отколку да ве гризи совеста, вели Спасов.

Додава дека некои службеници во претходната влада и администрација што постапувале строго по наредби, не побегнале од одговорноста кога подоцна се утврдило дека со извршувањето наредби направиле штета.

„Затоа треба добро да се процени дали овој вид отпор или “пркос” на Стојко Пауновски е само личен хир од некои непознати причини или е сосема оправдан и ќе биде жртва на нечија поврдена суета и на лошото толкување за задолжителното почитување на хиерархијата во јавната администрација. Па до вчера правевме мајтап со ВМРО кое вработуваше масовно лица во ЈП Македонски шуми па потоа ги прераспоредуваше во Опера Театар и други буџетски институци, заклучува Спасов.




Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност