Спасовски го прочита „досието“ на повиканите на разговор од Љуботен
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2019
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање наведе дека повиканите на информативен разговор по акцијата на финансиска полиција во Љуботен и заплената на 14 тони шверцуван тутун имале „дебело“ досие.
- Првото лице има историја на продажба на алкохол без бандерола и напад на слуќбено лице во 2011, второ лице има криумчарење и затајување данок за себе како и кривично дело во сообраќајот, третиот има тешки кражби и криумчарење акцизни стоки, како и четвртиот, кој во минатото давал и поткуп. Не ги споменувам со име и презиме, но нивните дела не соодветствуваат со нечиј дека се залагале за чесна заработка - рече Спасовски.
Тој додаде дека и оваа акција на финансиката полиција е во интерес на државата, откако беа откриени складишта и машини за сецкан и режан тутун за препродажба на црно на повеќе места