29 Април, 2024
0.0271

Спасовски ќе седи на маса без државното знаме: Видео самит на ЕУ и Западен Балкан

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Самит меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан на кој ќе присуствуваат повеќе од 30 европски лидери ќе се одржи денеска попладне преку телеконференција поради пандемијата COVID-19.

На Самитот, со кој ќе претседава хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја го држи ротирачкото претседателство со ЕУ, ќе присуствуваат 27-мина лидери на Европската унија, високи функционери на ЕУ и меѓународни организации, како и од претседателите или премиерите на Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Владата потврди дека делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски ќе учествува на Загрепскиот Самит на Европската унија и Западен Балкан преку видео конференција.

„На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан ќе дискутираат за соработката за справување со коронавирус КОВИД-19 и последиците од истиот, европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи, стои во соопштението.

Инаку, поради учеството на Косово, а за да не се предизвикаат контроверзи бидејќи пет европскидржави не го признаа како држава, беше решено лидерите да седнат пред неутрален панел без симболите на државите и нивните имиња.

Според извештаите на вестите, оваа формација била договорена по експлицитно барање од Шпанија „која не сака да присуствува на состаноците на кои Косово се претставува како независна држава“.

Од истата причина, во финалната изјава изразот „партнери во Западен Балкан“ се користи за да се избегне зборот „држави“. Освен Шпанија, независноста на Косово не е призната во ЕУ од Романија, Грција, Кипар и Словачка. 

Република Косово ќе биде претставувана на Самитот од претседателот Хашим Тачи.


Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски