Спасовски: Полицајците во Скопје и Тетово веќе користат боди-камери во сообраќајните контроли
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020
Оливер Спасовски, старо-новиот министер за внатрешни работи, најави нови планови за засилени акциски контроли во сообраќајот и наведе дека полициските службеници во овој сегмент веќе ги користат боди-камерите во Скопје и Тетово.
мобилни системи со камери ќе снимаат додека се изведуваат активности за контрола на безбедноста во сообраќајот. Со овие системи ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација меѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности. На граѓаните претходно ќе им биде кажано, односно објаснето дека нивната комуникација се снима. На овој начин се очекува поголема ефикасност во спроведувањето на активностите и намалување на можни злоупотреби од граѓаните или полициските службеници
- Решението е да инсталираме модерна технологија, да инсталираме камери. Тоа ќе биде еден затворен систем во кој што нема да има влијание човечкиот фактор. Само тогаш кога нема човечки фактор, немаме негативно влијание и моменти на селективност. Знаете јавноста е веќе информирана дека во Скопје и Тетово секој еден полицаец ќе има боди-камери. Тоа е добро и за полициските службеници и за граѓаните, рече Спасовски.
Тој рече дека заштитата на личните податоци ќе биде, како што вели, испочитувана до максимум.
За камерите инсталирани на сообраќаните делници рече дека Сејф сити системот од , како што вели, претходниот режим на владеење, не бил користен за сообраќајот, туку од Бирото за јавна безбедност за спречување на криминалитетот.