18 Мај, 2024
0.0304

Спасовски за изборите: Зоран Заев останува мандатар

Објавено во: Македонија 25 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Логично е и политички одговорно е да се поставиме соодветно и да овозможиме функционалност на Парламентот, доколку се покаже за потребна. Очекувам сите политички субјекти да бидат на висина на одговорноста и да носат одлуки во интерес на државата и на граѓаните, а не да се водат од партиски калкулации, вели во интервјуто за Фактор, премиерот Оливер Спасовски.

На прашањето зошто СДСМ со иницијативата инсистира за свикување на Парламентот и даали не се доволни одлуките на претседателот Стево Пендаровски Спасовски одговара дека секогаш треба да гледа чекор понапред и искуството со поставенста во здравствената криза покажало дека е добро кога сме уште на почетокот подобро подготвени. 

„Не знаеме оваа здравствена и економска криза колку ќе трае и какви одлуки ќе бара да се носат. Затоа, логично е и политички одговорно е да се поставиме соодветно и да овозможиме функционалност на Парламентот, доколку се покаже за потребна. Очекувам сите политички субјекти да бидат на висина на одговорноста и да носат одлуки во интерес на државата и на граѓаните, а не да се водат од партиски калкулации. Ние сме целосно демократска власт, а во демократија е нормално Владата да биде контролирана од Парламентот и ние немаме проблем со тоа. Ова се времиња што граѓаните ќе ги паметат, а и сите ние, што и историјата ќе ги испишува, кој навистина бил на висина на одговорноста, а кој се криел, или мислел на лични, партиски или други интереси, вели Спасовски

Дали свикувањето на Собранието, ако дојде до тоа, ќе го искористите да се донесе одлука за брзи избори во јуни, како што се шпекулира деновиве?

Спасовски: Во овој момент, за мене, за Владата, а знам и дека за СДСМ, приоритет број еден е здравјето на граѓаните и совладување на здравствената криза. Секој одговорен политичар и носител на јавна позиција очекувам да биде поставен во функција на овој врвен приоритет - јавното здравје. 

Кога според Вас, би се издржале изборите?

Спасовски: Верувам дека и вие како и јас посакувате да видите релаксирање на здравствената ситуација во државата. Сите сили и целиот фокус во овој момент ни е насочен кон справувањето со коронавирусот. Посакувам скорешна стабилизација на здравствената ситуација во државата, а штом тоа се случи ќе може да разговараме за сите други политички процеси во државата.

Колку е подготвен СДСМ, дали Зоран Заев како претседател на партијата останува и кандидат за мандатар?

Спасовски: СДСМ беше подготвена за избори и пред здравствената криза, подготвена е и денес, како што претседателот на СДСМ Зоран Заев знам дека е подготвен и во полна форма, заедно со сите нас да го добие новиот мандат за формирање на новата Влада. Сега сме фокусирани на јавното здравје, а здравје, ќе има прилика па ќе зборуваме и за новата Влада што сум уверен дека повторно СДСМ и коалицијата ќе добијат чест да ја водат. 


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност