14 Мај, 2024
0.0313

Спасовски: Затвор од 1 до 5 години за минимизирање и одобрување на геноцид

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Ако по пат на јавен информативен систем, некој негира, грубо минимизира, одобрува и оправдува кривични дела злосторства врз цивилно население, тоа претставува кривично дело, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

„Првично, тоа е законска можност која дефинира преку информацискиот систем кривично дело од ваков тип јавно да се негира или минимизира, одобрува или оправдува, кој што ќе го стори тоа да одговара според Кривичниот законик со затвор од 1 до 5 години. Додека ако ова дело е сторено за поттикнување омраза, дискриминација или насилство врз кое било лице или група на луѓе, поради национална, етничка или верска припадност, сторителот ќе се казни со казна од најмалку 4 години“, рече Спасовски.

Спасовски  изјави дека имало многу обиди за хибридни напади при пописот. Спасовски рече дека институциите успеале да создадат одбранбен механизам кој не го нарушил процесот. 

„Имаше многу напади кои се случија при регистрацијата. Цело време бевме тука за да му помогнеме на Државниот завод за статистика, преку нашиот оддел за компјутерски криминал“, рече Спасовски. 

Министерот додаде дека имаат информации од каде дошле нападите, но дека не можеле да дефинираат кој ги наредил. 

„Токму е утврдено од каде доаѓаат нападите, но никогаш не можете да утврдите кој е инспиратор или нарачател на тие напади“, рече Спасовски. 

Изјави дека во тек се обиди да се наруши преговарачкиот процес со Софија, со цел да се блокира патот кон ЕУ. Спасовски увери дека институциите дејствуваат и дека сите обиди за попречување на нашиот пат кон ЕУ ќе завршат како оние пред членството во НАТО, односно како обиди да се блокираат тогашните разговори со Грција.

„За нас е многу важно мнозинството граѓани да застанат цврсто на патот на Европската Унија и тоа навистина ни дава за право да не можеме во ниту еден момент да го напуштиме овој пат, бидејќи немаме алтернатива.друго. Се друго што ќе биде обид да не опструираат на овој пат, мислам дека ќе заврши како обиди пред членство во НАТО“, рече меѓу другото Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека руските дипломати се протерани поради излегување надвор од нивниот дипломатски мандат.

„Северна Македонија е дел од НАТО, и тука сме на чисто и на јасно. Дали ги следиме активностите? Секако дека да, и она што се презема, протерување на дипломатите, е во насока на тоа дека службите добро си ја работат работата во заштита на интегритетот, безбедноста и суверенитетот. Знаеме зошто се протерани, но тоа е нешто кое е излегување надвор од нивниот дипломатски мандат“, вели Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕВЧАНИ - седуммесечно бебе почина откако паднало од импровизиран кревет, лекарите не успеале да го спасат

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕВЧАНИ - седуммесечно бебе почина откако паднало од импровизиран кревет, лекарите не успеале да го спасат