27 Јули, 2024
0.0367

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

Објавено во: Македонија, Балкан 14 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

-Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Северна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

- Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Северна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите  потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент. 

МИА

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август