Специјалниот советник на Хан бара зелено светло од ЕУ за преговорите на Македонија
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018
ЕУ да го признае напредокот и даде зелено светло за преговори со Македонија, ова е пораката која ја испрати Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по постигнатата спогодба меѓу Македонија и Грција.
Оценката на Шаусбергер е дека договорот носи позитивни последици за регионот и за цела Европа.
„Успехот на договорот меѓу Македонија и Грција ќе значи и потврда дека ЕУ може да има улога на посредник во разрешување конфликти и покрај огромните потешкотии во сопствените редови.
Стратегијата на ЕУ за проширување претставена на 5 февруари годинава, спроед Шаусбергер, предизвика динамика во земјите од Западен Балкан што не треба да се потцени“, рекол Шаусбергер за австрискиот весник „Пресе“.