06 Мај, 2024
0.0237

Спој на фитнес и забава на Fit Games

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На 28 октомври во Скопје ќе се одржи натпревар во функционален фитнес/кросфит под името Fit Games, во организација на Protein Lab, во соработка со Crossfit Скопје и Nagomy Fitness центарот. Настанот ќе опфати натпревар во 8 вежби од напредно ниво во функционален фитнес подготвени од страна на двата фитнес центри, но и дегустации на спортска и здрава храна, како и забавна програма за публиката.

Настанот ќе го води актерот Гораст Цветковски, a музички сет ќе има диџејот Irie Scratch. Од Protein Lab ќе обезбедат примероци од спортски суплементи за дегустација, а ресторанот Prote.in ќе подготви здрава и нутритивно богата храна за натпреварувачите, но и за дегустација за публиката.

„Сакаме да приредиме целосно искуство и за натпреварувачите и за оние кои ќе дојдат да го следат аденалинскиот натпревар, бидејќи основната цел и мотив за организација на Fit Games е промоција на здравиот и активен начин на живот и поттикнување на што е можно повеќе луѓе да го изберат за свое секојдневие. Од лично искуство ги знаеме придобивките од фит животниот стил и сакаме тоа искуство да го споделиме со сите околу нас. Затоа сериозноста на натпреварот ќе ја зачиниме со хуморот и позитивниот дух на Гораст кој е исто така активен во фитнесот и наш голем поддржувач, а музичкиот сет ќе има за цел да ги мотивира натпреварувачите и да ја забавува публиката. Бидејќи балансираниот, правилен начин на исхрана е неизоставен дел од фитнесот, обезбедивме и можност за дегустација за сите кои ги интересира како изгледаат тие „чисти“ оброци. Настанот е од отворен тип и ги повикуваме сите кои се расположени за дружење да нѝ се придружат во сабота.“ – објаснуваат од Protein Lab.

Настанот ќе се одржи на тениското игралиште веднаш до високата кула Gorenje во Карпош 3, со почеток од 12 часот. Натпреварот е поддржан од Flexofytol и MaYa. Сите детали се достапни на официјалната Facebook страница на настанот.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ