02 Мај, 2024
0.0263

„Спортскиот центар Борис Трајковски“ во лоша кондиција“, ревизорите открија загуба од 4 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„Спортскиот центар Борис Трајковски“ во Скопје, од основањето во 2006 година до денес работи со загуби. Оваа фирма која е сто проценти во државна сопственост, на крајот на 2015 година имала загуба од 4 милиони евра. Ова го констатирале ревизорите во најновиот Ревизорски извештај за работата на оваа институција во која управител е Златко Перински.

Ревизорите при прегледот на документацијата откриле дека хокејското игралиште, кое е во склоп на спортскиот центар, нема одобрение за градба.

Игралиштето за хокеј почна да се гради во 2010 година, со склучување на договор со странска фирма во вредност од 349.000 евра и рок на изведба до 15.03.2011. Оваа вредност е зголемувана неколку пати, по склучени дополнителни договори. Па така, вкупната набавна вредност за градежниот дел на хокеј игралиштето, по извршените набавки, достигнува вредност од 848.000 евра.

Хокејското игралиште за кое нема одобрение за градба, функционира и остварува приход од вршење на дејност под назив „поставување на урбана опрема“ со години наназад, констатирале ревизорите. Игралиштето нема ни имотен лист и практично е дивоградба.

„Земјиштето е дадено на користење на недвижна ствар со одлука на Владата. Се работи за објект од петта категорија па мора да се добие одобрение за градба од Општина Карпош, а тоа не е сторено ниту пред да почне да се гради ниту пак во тек на градба, не се обезбедени потребните документи. Инаку дивоградбата се издава и носи приход од околу 45 илјади евра годишно“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Аква паркот пуштен во употреба без потпис и печат

Ревизорскиот извештај откри многу пропусти во однос на градежниот и на финансискиот дел за Аква паркот. Тој бил пуштен во употреба во 2013 година уште пред изведувачот на градежните работи да го предаде на инвеститорот. Имотниот лист за него според ревизорите не одговара на реалноста, а се градело без документи извадени во рокови пропишани со закон.

Поради различните евиденции кои се воделе во текот на годините за опремата која е монтирана, ревизорот не може да утврди дали се трошеле реални суми на пари за амортизација на реквизитите.


Понатаму, четири тениски игралишта не се евидентирани кои се изградени во рамки на проектот на владата „100 тениски игралишта“, иако градбата е завршена и истите се пуштени во употреба во јуни 2015. Според ревизорите тениските игралишта се градба од втора категорија, но за нив нема документација за градба, па не се плаќа комуналии на Град Скопје и Општина Центар.

Ревизорите нагласуваат дека откриле сомнителни и спорни побарувања и нивно вредносно усогласување во износ од 252.000 евра.

„Ревизорите не можеа да се уверат во објективноста на реалната вредност на сметката што пак има влијание врз набавната вредност на градежните објекти, финансискиот резултат и загубите . Се водат сомнителни и спорни побарувања кон друштвото како должник за кои не се дадени податоци за поднесени тужби и не се знае во која фаза се и дали воопшто се поднесени.“

Во ревизорскиот извештај за С.Ц. „Борис Трајковски“ е констатирано дека од почетокот до денес работи со загуба. Владата донела одлуки за покривање на загубата, со намалување на основната главнина, ноистите не се спроведувани.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности