Добивај вести на Viber
Во Србија 22% од вкупниот број кредити, се „проблематични“ или нефункционални кредити кои е тешко да се вратат.
Банкарите велат дека ова е висок процент, кој бара решавање на проблемот, без да се трупаат нефункционални кредити. Според прелиминарни податоци за декември лани, во пари овие кредити чинат 426 милјарди динари или 3.5 милјарди евра.
„Банките во 2014 и 2015 година отстапија или продадоа 94 милјарди динари НПЛ, со надомест од 46 милјарди динари што е за околу 50%. Од тоа 35% останаа во банкарскиот сектор, каде банките купуваа едни од други, а 65% излегоа од тој сектор“-изјави Ѓорѓе Јевтиќ, директор на Управата за надзор на финансиските институции.
Тој смета дека кредитната активност се подобрува кај граѓаните, но не и кај фирмите. Преземени се мерки за да се подобри состојбата со овие „лоши“ кредити, но сепак треба да се почекаат бројките за цела 2015 година за да се види дали има резултати.
Луѓе кои се добро упатени во овој сектор, велат дека нема едно решение за “лошите“ кредити и дека се додека банките зајмуваат пари, ќе има и кредити кои тешко се наплатуваат,