Србин добил отказ и се запалил на улица
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2018
Момче од Србија на возраст од 20 години попладнево во 17.45 часот, се полило со бензин и се запалило, најверојатно поради добиениот отказ.
Радиша К. се полил со бензин, а потоа се запалил на улица во градот Чачак. Полицаец притрчал да му помогне, при што и самиот се здобил со изгореници.
Момчето итно е префрлено во болница и се бори за живот.
Најверојатна причина за ваквиот чин е тоа што пред пет дена момчето добило отказ. Истрагата е во тек .