СРЕДБА НЕОФИТ-ВАРТОЛОМЕЈ: Ќе се зборува и за МПЦ?
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2018
Бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот патријарх, Вартоломеј утре ќе имаат средба во Истанбул, на која ќе се разговара и за одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира во застапување пред помесните православни цркви за утврдување на канонскиот статус на Македонската православна црква.
Извори на БПЦ досега повеќе пати пренесоа дека нивната одлука за МПЦ веќе и е позната на вселенската патријаршија.
Се очекува по божикните празници да продолжат разговорите на МПЦ со бугарската православна црква.
Двајцата патријарси заеднички ќе служат литургија во обновената бугарската црква „Свети Стефан“, позната како Железна црква, во Истанбул на 7 јануари.
Во меѓувреме реагираше српскиот епископ Бачки, Иринеј, кој го оцени потегот на МПЦ како „неук“, а македонската црква како „незрела“ кога одлучила бугарската да и биде мајка- црква.
Некои од македонските владици одговорија дека оценките на претставникот од СПЦ се навредувачки и несериозни.