05 Мај, 2024
0.0275

Средба Влада-Конфедерација на слободни синдикати: Двете страни се отворени за развивање на социјалниот дијалог

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик - претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска,  министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Бранимир Јовановиќ, од Кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретнаа со претставници на Конфедерацијата на слободните синдикати (КСС).

Двете страни ја поздравија заедничката заложба за конструктивни средби и партнерски однос во остварувањето на социјалниот дијалог во земјата.

Претставниците на КСС ги информираа претставниците на Владата за состојбите во остварувањето на работничките права. Разговарајќи по одделните точки, наведени како причини за штрајкот, најавен за утре (среда, 17 јануари), претставниците на Владата и на КСС заклучија дека двете страни се заинтересирани за развивање на социјалниот дијалог во насока на изнаоѓање начин за решавање на прашањата поврзани со функционирањето на Економско-социјалниот совет и усогласувањето на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата на национално ниво.

Царовска информираше дека во однос на покачувањето на платите, во тек се анализите за покачување на коефициентите на вработените во одредени сектори, покрај веќе договореното зголемување на платите за вработените во градинките.

Таа истакна дека се настојува да се надминат досегашните парцијални и нецелосни решенија со цел изнаоѓање на системско решение  врз основа на консултативен и партиципативен пристап, при што ќе бидат понудени основни начела за утврдување на плати. ​

На средбата меѓу Владините претставници и КСС беше истакнато дека во Буџетот за 2018 година се предвидени покачувања на платите во образованието, здравството, социјалната заштита и одбраната. Претставниците на Владата ја повторија  подготвеноста да се разговара и за други идни покачувања на платите согласно Колективниот договор и буџетските можности, како и реформите во администрацијата.

Во врска со остварувањето на социјалното партнерство и дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации, и работата на Економско-социјалниот совет (ЕСС) како трипартитно советодавно тело, министерката Царовска подвлече дека состаноците се одржуваат на највисоко министерско ниво со учество на сите заинтересирани страни на кои се разгледуваат прашања  кои директно се поврзани со работничките права.

Беше потенцирано дека Владата во своите програмски определби се обврза да обезбеди процес на загарантирани консултации со граѓанскиот сектор, со коморите, со синдикатите и со други релевантни чинители, при носење нови закони и измени на постојните.

„Не бараме пофалби, туку партнерство и разбирање во намерата да најдеме решенија за напластените проблеми“, нагласи вицепремиерката Шекеринска, која истакна дека Владата на РМ подржува синдикално организирање, кое е загарантирано со Уставот на РМ, со цел подобрување на стандардот и квалитетот на живот на сите граѓани. 

Заменик-претседателката на Владата Шекеринска информираше дека сака да ја пренесе заложбата на Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев за продолжување и развивање на социјалниот дијалог и конструктивна соработка во насока на почитување на прашањата од областа на синдикалното организирање и почитување на Колективните договори.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава