02 Мај, 2024
0.0259

Средбата на Трамп и Меркел одложена: Ќе се чека до петок, причина-снегот!

Објавено во: Свет 14 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Средбата на претседателот на САД, Доналд Трамп со канцеларот на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, која требаше да се одржи денеска, се одложува за петок поради зимската бура, соопштија од Белата куќа.

„Претседателот разговара со германскиот канцелар, и двајцата се согласија да ја одложат средбата поради временските услови и таа да биде на 17 март“, изјавил Шон Спејсер - прес секретар на Белата куќа.

Сите ја очекуваат оваа средба со нетрпение бидејќи од состанокот на лидерот на САД и лидерката на најмоќната земја во ЕУ зависи какви односи ќе имаат САД и ЕУ, кои важат за големи сојузници.

Дали нивниот однос ќе се влоши или подобри е многу важно и за борбата против терористичките закани кои се повеќе се јавуваат и во САД и во земјите на ЕУ.

Трамп жестоко ја критикуваше нејзината мигрантска политика и дури ја обвини дека ја уништува Германија.

Меркел не му остана должна и му возврати со критики на предложените забрани за влез на мигранти од муслиманските земји во САД.

Посетата на Меркел ќе биде шеста посета на Трамп со светски лидери од инаугурацијата.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан