05 Мај, 2024
0.0257

Средношколците кај Заев: Ќе има ли промени кај државната матура или камп пред МОН

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Матурантите се вратија на настава со ултиматум барањата да им се исполнат до крајот на февруари, но денеска за тоа имаат средба со премиерот Зоран Заев, потврди претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи. Тие впрочем вчера му пишаа на Заев и побараа да се разговара за државната матура - па сега веќе средбата е закажана за 16 часот. 

Ходаи за 24 вести изјави дека имаат поддшрка од 70 пратеници, а дека лобираат да се стави на дневен ред предлог законот за изменување на Законот за државна матура. Тој рече и дека бара да не се политизира нивниот став. 

„Денеска ќе имаме средба и со премиерот Заев. Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација. Од 2017 година се трудиме нашиот Сојуз да е далеку од политиката, сакаме само да се бориме за поквалитетен образовен систем. Бараме само од пратениците да најдат решение за тема која засега над 18.000 матуранти“, рече тој.

Инаку во писмото до премиерот побараа да се видат за да му образложат зошто бараат модифицирање на државната матура – намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми.

„Се надеваме дека сте информирани за ситуацијата околу државната матура и преку медиумите и преку официјалните канали на комуникација. Исто така, се надеваме дека средбата ќе се одржи што поскоро, бидејќи времето истекува, што значи дека треба брзо да делуваме за да го решиме прашањето, напиша средношколскиот Сојуз во писмото што вчера го упати до Кабинетот на премиерот.

Ако не им се исполнат барањата најавија од март кампви со шатори пред Министерството за образование и наука.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца