06 Мај, 2024
0.0232

ПАМЕТНА КУЌА: Средношколец од Куманово има генијален пронајдок!

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Младиот Марио Величковски од  Куманово кој има само 18 години, и учи во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, создаде пронајдок „Паметна куќа“ кој го користел дома и кој планира во иднина да го надгради. Со него ја контролира температурата во  дневната соба, а истиот алармира и ако дома имам пожар.  Овој млад пронаоѓач има многу идеи, но смета дека кај нас  не се поттикнува креативниот дух кај младите.

Фактор: Како дојде на идеја да направиш пронајдок Паметна куќа?

Целиот проект започна како идејно решение за автоматизирано одржување на температура во мојата дневна соба. Но, во денешно време кога секој од нас има мобилен телефон, сакав да го искористам за подесување на температурата. Како што работев на проектот ми истекнуваа други различни идеи кон кои продолжив да го развивам проектот.

Фактор: Како функционира пронајдокот?

Замислата за мојот проект „Паметна куќа“ беше апликацијата со која ќе се управува и контролира целиот објект да работи на сите уреди. Па, затоа одлучив таа всушност да биде веб апликација како што се facebook, google и други веб апликации што секојдневно ги користиме. Апликацијата комуницира со сервер и контролира се’ што се во објектот. Серверот управува со посебни модули кои можат да бидат со различен број и имаат различни намени. Сега засега, имам развиено два типа на модули: модул за управување со електрични места (светилки или електрични апарати) и модул за следење на температурата. Исто така, системот е повржан со сервис за испраќање на SMS порака кој известува за пожар или други опасности во објектот.

Фактор: Колку време работеше на пронајдокот?

Со оглед дека на проектот работев во моето слободно време, потребни ми беа околу 7 до 8 месеци да добијам верзија која може да работи стабилно.

Фактор: Како планираш да го надградиш пронајдокот?

Планирам да направм нова и побогата колекција на модули. Исто така, делумно сакам да го променам принципот на работа на комуникација помеѓу корисничкиот интерфејс и модулите, со цел намалување на цената на производот и негова полесна имплементација во веќе постоечки инфраструктури.

Фактор: Дали планираш да го патентираш?

Досега немам размислувано на оваа тема. Но, во иднина кога ќе биде целосно готов како што го имам замислено, ќе го патентирам.

Фактор: Има ли можности за младите пронаоѓачи во Македонија?

Гледајќи по моето искуство како млад и наградуван талентиран ученик мислам дека во Македонија нема големи шанси за наш успех. Проблемите започнуваат уште од најмалите одделенија каде нашиот образовен систем ја убива креативноста на децата. Пред проектот „Паметна куќа“ имам развивано и други (помали) проекти кои беа наградувани со први места на државните натпревари, но бев одбиен за стипендија за талентирани ученици поради една оценка помала од 5 во текот на моето основно образование. Со оваа постапка, државата покажа дека не е заинтересирана да ги стипендира талентираните ученици туку учениците кои имаат одлични резултати во училиште, но не и надвор од него.

Фактор:  Кои ти се плановите за во иднина?

Во иднина, најголемиот дел од моето време планирам да го трошам на личен и професионален развој.

Фактор:  Дали планираш нов пронајдок?

Во моментов немам нова замисла, само сакам да го усовршам и доразвијам сегашниот проект.

Фактор: Освен ти дома, дали некој друг го има користено изумот?

Мојот проект „Паметна куќа“ беше претставен на саемот за наука „Наук није баук“ во Ниш, Р. Србија, каде голем број на посетители имаа можност да ја видат иднината која наскоро ќе биде во нивните домови.

Сања Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години