27 Април, 2024
0.0283

Средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци стана енергетски ефикасно со грант од кралството Норвешка

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Земјоделско-шумарското средно училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци ја подобри својата енергетска ефикасност со грант доделен од Кралството Норвешка. Со извршените градежни работи на фасадата и покривот, значително се подобри енергетската ефикасност на училиштето изградено во 1956, а 290 ученици и вработени во училиштето добија подобри условите за работа и изведување на наставата.

„Ваквите инвестиции кои водат кон зголемување на енергетската ефикасност се од големо значење за нашата општина, затоа што придонесуваат кон заштеда на јавните финансии и нивно насочување кон подобрување на образовниот процес, а исто така и кон здравјето на учениците и вработените. Општината има намера континуирано да инвестира во проекти кои ја зголемуваат енергетската ефикасност во јавните институции и како следна фаза во оваа училиште планираме да ги заменеме постоечките светилки со енергетски ефикасни“, изјави градоначалникот на општина Кавадарци г. Митко Јанчев. 

Вкупната вредност на зафатите е 84,000 евра, од кои 80,000 евра се грант доделен од Норвешката амбасада, додека 4,000 евра се средства обезбедени од општина Кавадарци. Зафатите на училишната зграда вклучуваа инсталација на 1,200м2 енергетски ефикасна термо-изолациона фасада и промена на 1,500м2 азбестен покрив со нова, енергетски ефикасна конструкција. Се очекува овие подобрувања да овозможат намалување на сметките за искористена енергија до 35%, заштеда која ќе се искористи за дополнително подобрување на условите за настава во училиштето. 

„На локално ниво можеме да направиме разлика преку проекти за енергетска ефикасност, вклучување на обновливи извори на енергија и правилно управување со отпад. Ова е ефикасен проект кој ќе овозможи подобри услови за учење и за работа во училиштето“, изјави амбасадорот на Кралството Норвешка Н.Е. Јерн Јелста.

Работите на училиштето започнаа во ноември 2019 година и заради поволните временски услови непрекинато се спроведуваа во изминатите 4 месеци. Грантот за општина Кавадарци е еден од четирите грантови за инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 320,000 евра, доделени на четири општини преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија спроведуван од Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги УНОПС.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“