27 Април, 2024
0.0277

Српски извори пренесуваат: регионалните армии ќе се подноват со американски оклопни возила

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во 2015 година, американската армија и морнарица го избра JLTV од Oshkosh Defense како замена на HMMWV (Humvee). JLTV претставува оклопно воено возило, а Oshkosh Defense од САД, е производител што дизајнира, гради и одржува возила за одбранбени цели со високи перформанси. Зелено светло за целокупното производство на близу 50 000 возила е дадено во јуни годинава, а ќе бидат испорачани оклопни возила со различни конфигурации - дел од оклопните возила ќе бидат опремени со RWS станица за далечински управувано оружје преку американската армиска CROWS програма, а дел и со конфигурации со противтенковски проектили.

JLTV се промовира од Владата на САД во сојузничките нации преку странски воени продажби (FMS). Досега Словенија, Литванија и Црна Гора се решија за JLTV оклопните возила, а Северна Македонија се очекува да одлучи за возилото во блиска иднина, пренесува Радио телевизија Србија, во специјализираната емисија “Дозволите”. Оклопните возила наменети за овие држави  ќе бидат надградени со истата RWS станица за далечински управувано оружје преку американската армиска CROWS програма, но постојат индикации дека Црна Гора има побарување за овој тип опрема и од различен производител што не е во НАТО.

Придобивките од изборот на веќе интегрирано решение се очигледни - возилото и комплетниот систем ги користат американските вооружени сили, а интеграцијата е веќе направена. Инсталацијата на далечински управуваното оружје на возилото ќе ја изврши Владата на САД и ќе се воспостават гаранциите за функционирање на системот. На овој начин се обезбедува меѓусебна оперативност со американските и другите сили на НАТО доколку бидат распоредени. 

Цената на набавката се заснова на цените на Владата на САД, користејќи го големиот број на системи што ги купуваат американските вооружени сили, а гарантирано е и обезбедување на долг животен век, како и резервни делови и услуги. Со постојаните заложби во рамките на НАТО за стандардизирање на опремата во употреба, изненадувачки се индикациите што мала земја како Црна Гора избира да оди во различна насока од другите нации во регионот со комплетно одделно решение. Опремувањето на платформите со опрема што не е од американско потекло и веќе воспоставени стандарди отвора предизвици за да се зголеми ризикот со инсталација и ќе го отежни утврдувањето на одговорностите доколку се појават проблеми во иднина.

Извор: https://www.instagram.com/p/B41tX08p4hO/?igshid=1szs2ecr2mrk1

http://www.rts.rs/page/tv/sr/news/21/rts-2/5048/dozvolite.html?position=-1

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“