Српскиот министер за одбрана: Тачи ќе лази пред српската армија
Објавено во: Балкан 01 Април, 2018
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, му се заканувал на косовскиот претседател Хашим Тачи, објави весникот Газета Експрес, со седиште во Приштина.
Вулин рекол дека за време на претходната војна, Тачи "избегал во српската армија", а следниот пат "ќе лази пред српската војска ако е потребно".
„Што се однесува до храброста на Тачи, тој последен пат побегна од југословенската војска. Следниот пат тој ќе лази пред српската војска, ако е потребно“, рекол Волин.
Неговата реакција дојде откако косовскиот претседател изјави дека изјавите на српскиот колега Александар Вучиќ за тоа дека ќе испрати српската армија во Косово ", се празни приказни".
Весникот потсетува дека односите меѓу Србија и Косово се затегнаа откако во понеделникот косовската полиција го уапси директорот на српската парламентарна Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, кој, како што пишува Газета Експрес, влезе илегално на територијата на Косово.