Српските пензионери добија еднократна помош, ама мора друг да им ги земе пензиите
Објавено во: Економија, Балкан 09 Април, 2020
Исплатата на пензии за март, плус 4.000 динари како еднократна помош, односно 35 евра, започнува од утре за српските пензионери. Тие можат да ја подигнат на три начини - да ополномоштат некого кој ќе им ја повлече пензијата од тековната сметка, да му дадат на доверлива личност картичка и број на пин и да ја подигнат на банкомат, или да побараат од банката да им ги донесе парите на домашна адреса.
Членот на Извршниот одбор на Поштенска Банка, Александар Чортан, рече дека 60 проценти од пензионерите се определиле за еднократна исплата преку ополномоштеник, 30 проценти да ги повлечат своите пари од банкомат, додека 10 проценти побарале пензијата да им ја достават на домашната адреса.
Тој објасни дека банките биле должни да контактираат со своите клиенти кои се решиле за испорака на пари на нивната домашна адреса.
На прашањето дали очекува дека ќе има злоупотреба, Чортан рече дека сегашните податоци не укажуваат дека може да им такво нешто.