05 Мај, 2024
0.0234

ССК - Светска Банка: Трговскиот проект за Западен Балкан значаен за приватниот сектор

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска оствари средба со висока делегација на Светска банка предводена од Хавиер Сурез, главен економист за Европа и Централна Азија. Целта на подготвителната мисија на тимот на Светска банка, кој работи на подготовка на проект за „Oлеснување на транспортот и трговијата во регионот на Западен Балкан“ е да оствари соработка со сите релевантни чинители кои ќе придонесат конструктивна имплементација на проектот.

ССК остварува одлична соработка и одржува редовни средби при посета на  делегации од Светска банка во нашата земја. Проектите кои во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија. Сметаме дека и овој проект ќе ги отстрани предизвиците со кои се соочува приватниот сектор од земјите од Западен Балкан“,  изјави Арсовска и додаде дека стратешките цели за унапредување на деловното опкружување, ги креираме во согласност со глобалните економски текови при што поддршката на Светската Банка е значајна за нивна реализација.

На состанокот се дискутираше и за заложбите на Сојузот и досегашните реализирани активности во насока на зголемување на конкурентноста на компаниите, нивната поддршка, промоцијата, пласманот на странските пазари, како и за учеството на 10. Светскиот коморски конгрес во Сиднеј, Австралија, каде Арсовска беше панелист на сесијата посветена на инфраструктурата заедно со Мишел Керф, регионален директор на Светската банка.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото