27 Април, 2024
0.0272

ССК: Сивата економија ќе ја победиме со примена на Законот против нерегистрирани

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на  соработката во интерес на компаниите. Во таа насока Габрила Кулебанова, потпретседател на ССК и директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдим Хавзиу со договор за соработка во присуство на компании од приватниот сектори и претставници на инспекторатот ги прецизираа заедничките стратешки цели на делување за следниот период. Директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу ја нагласи важноста од соработката и заедничките цели на делување кога станува збор за сузбивање на нелојална конкуренција и едукативната улога која треба да ја има инспекторатот се со цел подобрување на севкупниот деловен амбиент. Кулебанова истакна дека заеднички ќе се дејствува во борбата против сивата економија и нелојалната конкуренција, моменталната состојба на пазарот на труд и реална бројка на лица кои остваруваат приходи, а немаат здравствено и пензиско осигурување, како и инспекциските контроли од трудовиот инспекторат.

„Сивата економија и нелојална конкуренција, го кочат развојот на државата и го спречуваат развојот на економијата, во таа насока двете институции засилено ќе делуваат кон подобрување на деловниот амбиент во земјата. Сите под еднакви услови треба да учествуваат во системот на државата, а не да наоѓаат начини да го заобиколат. Со акција на инспекциските служби и партнерска соработка со приватниот сектор  можеме да го намалиме овој процент на сива економија во земјава “, изјави Кулебанова.

Инспекциите служби со полн капацитет треба да делуваат кон исполнување на обврските, што овозможува соодветно опкружување за одржлив економски развој. Од друга страна и инспекциите треба да се промовира едукативната функција кај оние кои се недоволно информирани, а репресивната за оние кои намерно го изигруваат системот. 

Инспекциите треба да делуваат пред се едукативно, да  бидат брзи, ефикасни и фер кон компаниите, транспарентни и квалификувани за да донесуваат одлуки базирани на докази. Државен инспекторат за труд е позитивен пример, бидејќи во заедничката борба со сивата економија е единствена институција која знаеме дека има изречено глоба по Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, кој во моментов е наједноставниот механизам кај нас кој го имаме за справување со сивата економија“, истакна Кулебанова.

Сојузот на стопански комори континуирано апалеира на потребата од подигнување на свеста во борбата со нелојалната конкуренција и придонес во буџетот на државата на оние кои работат нерегистрирано. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“