07 Мај, 2024
0.0235

ССМ револтиран што министерката Царовска и работодавачите го откачија

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати на Македонија денеска реагираше зошто на првата јавна расправа за Предлог-законот за работни односи во Клубот на пратениците е предвидено да се обратат само министерката за труд и социјална политика и претставник од Организацијата на работодавачи на Македонија, но не и претставник од синдикатите.

– За ваквата покана, од страна на ССМ веднаш е упатено протестно писмо до Министерството за труд и социјална политика и Министерот Мила Царовска. Со оглед на значењето на Законот за работните односи, кој претставува устав за работничките права за сите работници во Република Македонија, помеѓу кои има и членови на синдикатите во Република Македонија, исклучително несериозно е започнувањето на првата јавна дебата за Предлог на Закон за работните односи, без директно вклучување на работниците или на нивните претставници, велат од ССМ во соопштението.

Оценуваат дека со ова се создава впечаток дека процесот се води без трипартитен социјален дијалог, се фаворизира само едната страна, односно работодавачите и се остава можност за кратење на одредени права од работен однос на штета на работниците.

– Сојузот на синдикатите на Македонија, во услови кога Република Македонија се стреми кон приклучување на европското семејство, односно Европската унија, и во услови кога се залагаме за почитување на европските вредности, помеѓу кои спаѓаат и почитување на европските работнички права, нема да дозволи од страна на Министерството за труд и социјална политика и од страна на работодавачите, кои очигледно дејствуваат заеднички, да се извршат било какви намалувања на правата од работен однос на штета на работниците, се наведува во соопштението од ССМ.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката