02 Мај, 2024
0.0509

СТАНОВИ: Цените во пад, зошто и до кога?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Незвесноста од политичката криза, очекувањата за разрешница и стравот кај купувачите се одрази и на пазарот на недвижности. Трендот на пад на цените на становите што го регистрираше Народната банка го потврдуваат и градежниците. 

“Во изминатиот период се соочивме со забавување во изграбата на нви станови поради неизвесноста од политико-економската состојба. Ние како инвеститори имавме резерва што и како ќе се случува, а од истите причини се воздржуваа и купувачите. Сето тоа се одрази на пазарот на недвижности. Главно, 30 до 40 отсто од становите во Скопје ги купуваат луѓе кои живеат во други градови, и кај нив се забележува воздржаност. Препазливи бевме и ние како инвеститори и граѓаните, како купувачи, кои се воздржуваа од поагреивно земање на стнбени кредити“ – вели архитект Никола Велковски. 

Трендот на пад на цените на становите, според новата анализа на НБМ,  од 2016 година се прелеа и во 2017 година. Според истражување на Народната банка, и во првиот квартал  од годинава  е регистрирано намалување на цените и на старите и на новоизградените станови. Така, индексот на цените на годишна основа е понизок за 7% (намалување од 0,8% во претходниот квартал). 

“Во првиот квартал, цените на недвижностите на домашниот пазар четврт последователен квартал бележат намалување, а истовремено се забележуваат определени сигнали за стабилизирање на растот на понудата на недвижности“ – велат од Народната банка.

Дел од градежниците објаснуваат дека изминатиот период има забавување и кај издавањето на градежни дозволи. 

“Состојбата не беше лесна. Се соочивме на некој начин и со администеартивна блокада на општинско ниво. Процедурите за издавање на потребни докуменити еа во застој, и тоа се одрази врз издавањето на градежни дозволи, односно се соочивме со нефункционалност на локално ниво“ – коментираат за “Фактор“ дел од луѓето од градежниот бизнис посочувајќи дека оваа состојба се прелеа и во вториот квартал од годинава, со што го одбележа првото економско полугодие. 

Овој тренд на забавување во издавањето на градежни дозволи го нотираше и НБМ: Од таму објаснуваат  дека освен што во првиот квартал од годината продолжи намалувањето на цените на становите, при што е забележано засилување на динамиката , се налил и бројот на издадени градежни дозволи.  “Ваквото поместување е во согласност со надолното приспособување на цените на становите (вкупни и новоизградени), како во главниот град, така и во земјата во последните неколку години. Во поглед на состојбата на понудата на недвижности, показателите упатуваат на потенцијално стабилизирање на растот. Имено, во последниот квартал од годината дојде до намалување на изградбата на станбени згради, како и на бројот на издадени одобренија за изградба на станови. На страната на побарувачката на станови не се забележуваат позначајни промени, односно и во првиот квартал на 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ – се наведува во новиот мајски извештај на НБМ. 

Во исто време Заводот за статистика регистрираше дека во април во годинава  се издадени 259 одобренија за градење што е за 13.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 585 751 илјади денари или 58 милиони евра што е за 18.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупно 259 објекти, на 154 (59.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40.5%) објекти, инвеститори се деловни субјекти.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности