04 Мај, 2024
0.0271

СТАНОВИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, РАЗУЗНАВАЧИТЕ, НО И ЗА ПЕНЗИОНИРАНИТЕ - државата им ги дала на користење, сега ќе можат да ги откупат

Објавено во: Македонија 24 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во понеделник идната недела Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува предлог законот со кој на вработените на МВР кои добиле на користење станови во државна сопственост, ќе им се даде можност нив и да си ги откупат.

Потписници се четворица пратеници од власта, меѓу кои и Славјанка Петровска, која во меѓувреме стана министерка за одбрана на земјава.

Како што во своето образложение напишале предлагачите на законот, на припадниците на МВР и на разузнавачките служби, но и на пензионираните полицајци, становите им се доделени од страна на Комисијата за станбени прашања при Владата. За нив се склучени договори за закуп со Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, но во договорите е наведено дека немаат право на откуп на тие станови, а можат да ги користат се додека не им завршат посебните должности во МВР. Како што навеле предлагачите на законот, ова е пречка за овие вработени или пензионери во МВР трајно да си го решат своето станбено прашање.

„Корисниците на овие станови, кои им се доделени на користење по претходно наведените основи, подолг временски период не можат да ги откупат овие станови според одредбите од важечкиот Закон за домување“, навеле пратениците кои го предлагаат законот.

Затоа, тие сметаат дека нивниот предлог закон за продажба на станови во државна сопственост за вработените во МВР, ќе им овозможи на овие луѓе кои сега ги користат становите - да ги откупат, и со тоа трајно да го решат своето станбено прашање.

Со предлог законот, исто така, ќе се овозможи право на откуп на оваа категорија на станови да имаат и лица кои се стекнале со право на пензија во  МВР, како и лица од потесно семејство на корисникот на станот кој починал, доколку живееле во станот и ги исполнуваат условите.

Продажната цена на станот ќе се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизација на станот, а неа ќе ја одредува Државното станбено претпријатие.

„За утврдување на продажната цена на станот, за начинот на плаќањето, за уплатата на средствата за плаќање, како и за заверувањето на договорот за продажба, ќе се применуваат одредбите од Законот за продажба на становите во општествена сопственост“, се вели во предлог законот.

Откупот на становите ќе се врши со поднесување на барање од корисникот или од член на неговото семејно домаќинство ако тој починал, до Комисијата за спроведување на постапка за продажба на становите, формирана со решение на министерот за транспорт и врски. Средствата кои ќе се приберат од продажбата, ќе бидат приход на државниот буџет.

На корисниците на становите кои нема да поднесат барање за купување на станот во рок од една година од денот на влегување во сила на законот, правото на користење на  станот ќе им се трансформира во право на закуп, врз основа на договор за закуп на стан склучен со Станбеното.

За да може да го купи станот даден од државата кој го користел, припадникот на МВР треба, покрај другите услови - да е државјанин на земјава, да нема стан или куќа во лична сопственост или во сопственост на член на потесното семејство, како што е брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца или деца земени на издржување кои живеат во заедничко домаќинство, како и да е во редовен работен однос во МВР, во  безбедносно разузнавачките служби, или да се стекнал со право на пензија во МВР.

Станот може да се продаде и на брачниот другар или на лица од потесното семејство кои живееле во заедничкото домаќинство со корисникот кој починал, доколку живеат во станот и ги исполнуваат условите.

Барањата за купување на овие станови ќе може да се поднесат во рок од една година откако ќе влезе во сила овој закон, се разбира доколку го изгласа парламентарното мнозинство.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра