30 Април, 2024
0.0276

СТЕМ Академија започнува со Microsoft едукативни програми

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

СТЕМ Академија започнува со воведување на светски признатите Microsoft едукативни платформи и програми за стекнување на СТЕМ вештини и знаење, базирани на Microsoft курикулуми и примена на соодветна Microsoft технологија во целокупниот процес на едукација. Овие едукативни платформисе фокусирани на развој на вештини кои се релевантни за учениците и кои ги подготвуваат за предизвиците на работните места во 21 век.

За таа цел MicrosoftМакедонија и СТЕМ Академија потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции. Microsoft едукативната програма ќе биде достапна во  понудата на СТЕМ Академија од септември годинава.

Ни претставува задоволство да ја подржиме СТЕМ Академија како најстара и најреномирана едукативна организација која долги години успешно креира СТЕМ вештини кај децата. Ги ставаме на располагање докажаните СТЕМ базирани Microsoft курикулуми кои овозможуваатградење на СТЕМ вештини за учениците на возраст од 5-20 години. За таа цел спремни сме да ги ставиме на располагање нашите ресурси и технологии применливи во процесот на едукација, како и при градење на компетенциите на едукаторите кои ќе ја спроведуваат СТЕМ едукативната програма.“ – изјави г-дин Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија

Според податоците на Американскиот департмент за работна сила сите десет најбрзорастечки занимања и воедно најплатени професии во периодот 2008-2018 влегуваат во групата на СТЕМ кариери. Оттука СТЕМ едукацијата може да се смета за една од најзначајните двигатели на економијата на национално ниво, но и на конкурентноста на економиите на глобално ниво.

„Microsoft е една од компаниите кои од самиот свој почеток работи на развивање на алатки за подобрување на образовниот процес. Посветеното работење во овој дел резултира со бројни Microsoftалатки и апликациикои денес се користат во многу училишта насекаде низ светот. Целта на сите овие алатки е да овозможи креативно размислување, визуелно учење и поттикување на страста на учениците кон стекнување на СТЕМ вештини, зошто на тој начин градејќи го нивното знаење и вештини, ние придонесуваме за градење на општество каде бенефитите од образованието можат да се преточат во економски развој на тоа општество. Исто така Microsoft има развиено голем број на методологии за управување со организации кои вклучуваат методи на учење на 21 век, кои се имплементирани насекаде низ светот“ – изјави г-ѓа Влора Адеми, сениор менаџер за развој на бизнисот во областа на образованиетово Microsoft Македонија

Веќе подолг период современиот модел на учење на СТЕМ знаењата и вештините во Македонија го нуди и промовира СТЕМ Академија од Скопје. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, СТЕМ Академија на своите ученици им овозможува посетување на Microsoft едукативната програма која за жал досега не беше достапна за македонските ученици.

„Прогнозите се дека околу 65% од денешните ученици во иднина ќе работат на работни места кои се уште не постојат. Затоа е битно да се потикнуваат учениците да размислуваат критички и сами да изнаоѓаат решенија на поставените проблеми како вештини кои најмногу би им служеле во иднина.СТЕМ Академија посветено работи на градење на овие вештини кај децата повеќе од три години, користејќи ги светски познатите програми на LEGO® Education. Потпишувањето на овој Меморандум претставува дополнување на нашата понуда со врвните едукативни програми и технологија на Microsoft. Ова претставува уште еден чекор кон овозможување на најдобри услови за стекнување на СТЕМ знаења и вештини за децата од нашата земја.“– изјави г-дин Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“