05 Мај, 2024
0.0265

Стевчо Јакимовски: Со Никола Груевски ќе бевме подобри во вакцинирањето од Србија

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ, инаку коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „Заспиј ако можеп“ на ТВ Алфа рече дека поранешниот премиер Никола Груевски во моментов би обезбедил поголем процент на вакцини за Македонија, отколку претседателот Александар Вучиќ за Србија.

„Груевски ќе ги копаше, немаше Србија да биде прва во Европа“, рече Јакимовски во студиото, правејќи споредби на регионото со Србија кога станува збор за темпото на имунизација и набавката на потребните дози против Ковид-19.

До саботата, заклучно со 30. јануари повеќе од 437 000 граѓани во Србија биле вакцинирани. Со 6,3 дози вакцина на 100 жители, Србија е на второ место во Европа, веднаш зад Обединетото Кралство, кое е на чело со 12,3 дози на сто жители. Србија со тоа стана лидер не само во регионот на Западен Балкан, туку и на целиот европски континент, оставајќи ги зад себе Италија со 3,0, Германија со 2,6 и Франција со 2,0 дози на 100 жители.

Еден месец по почетокот на вакцинацијата против хронавирус, Србија  се движи кон половина милион вакцинирани. Вакцинацијата започна на 26 декември, а од 19 јануари стана масовна.

- Србија за прв пат ќе има поголем БДП од Хрватска. Вучиќ рече дека ќе се поделат по 100 евра за сите пензионери и помош од 30 плус 30 евра за сите останати. Рече дека таа помош е од српски пари, а не како кај нас со задолжување од 300 милиони евра, што е колку еден автопат, искоментира Јакимовски.


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?