СТИГНА И ПЕЧАТ: Путин го аминуваше Турски тек
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот со Турција за гасоводот Турски тек, соопшти Кремљ.
Државната дума го ратификуваше договорот од 20 јануари, а Советот на федерацијата на 1 февруари. Русија и Турција на 10 октомври потпишаа меѓувладин договор за проектот Турски тек.
Со документот е предвидена изградба на две линии гасовод под Црното море, поединечен капацитет 15,75 милијарди кубни метри гас.
Една линија е предвидена за директно снабдевање на турскиот пазар со руски гас, а другата за испорака на транзитен гас преку Турција во земјите на ЕУ.
Реализиацијата на другите линии ќе зависи од интересот на Европа за руски гас и од добивање на европски гаранции за тој проект.