08 Мај, 2024
0.0239

Сто и педесет учесници уживаа во убавините на Крушево

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во саботата се оддржа еднодневна посета на градот Крушево, како дел од програмата ,, Мапа  на културата’’, организирана од Еуролинк осигурување.

Прошетката започна од споменичкиот комплекс  Македониум, кој е изграден на 1320 метри надморска височина, со извонреден поглед на градот. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи и витражи, а во објектот  се наоѓа и гробот на Никола Карев претседател на Крушевската република.

Оттаму учесниците го посетија вечното почивалиште на момчето со ангелски глас Тоше Проески и ја продолжија својата прошетка  низ старото градско јадро, преку тесните и кривулести улички до Крушевската чаршија каде во самото срце на градот се наоѓа црквата Св. Никола изградена во средината на 19 век.  која импресионира со својата архитектура. Внатрешноста на црквата  изобилува со икони и  фрески, а особено уникатен е иконостасот кој е дело на познатите копаничари Петре Гарката и Димитар Станишев. На само неколку минути пешачење се наоѓа и црквата Св Јован која меѓу народот е позната и како Влашка црква еден од најзачуваните објекти во градот, изградена на почетокот на дваесетиот век

Групата имаше прилика да ја посети галеријата на големиот македонски сликар и академик Никола Мартиновски еден од најистакнатите личности во македонската уметност и култура на 20-тиот век.

После неколку- часовната прошетка, учесниците се вратија дома со сладок умор, со многу заеднички фотографии и побогати за едно ново искуство. Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни и историски вредности. Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност, ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’. 

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“