Стојанче Ангелов: Нема прогласување на вонредна состојба, хеликоптерот можеше да се сруши
Објавено во: Македонија 03 Август, 2021
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави дека на седницата на Кризниот штаб е донесена одлука да не се прогласува вонредна состојба поради активните пожари на територијата на земјата.
„По разгледување на актуелчната состојба едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување на кризна состојба, но може одлуката за брзо да се промени. Оваа одлука е затоа што претседателот Стево Пендаровски даде наредба за употреба на армијата. Воедно и каналите за меѓународна помош се отворени и добро функционираат“, рече Ангелов.
Тој додаде дека силниот ветар со голема брзина одеднаш синоќа го проширил пожарот во неколку различни правци, а земјата во тој момент имала само еден расположлив хеликоптер.
„Од мене беше побара употреба на хеликоптер од градоначалникот на Кочани, но хеликоптерот веќе беше во функција во Старо Нагоричани. Хеликоптерот делуваше на терен кој е тешко пристапен за цистерните, додека пожарот во Кочани можеше да се контролира од земја. Македонија е земја со ограничени ресурси, ние тоа треба да го сватиме“, рече Ангелов на денешната прес-конференција.
Според директорот на ЦУК, хеликоптерот е лимитиран ресурс за време на летните горештини, бидејќи машината може за кратко време да се прегрее и посадата да загине.