05 Мај, 2024
0.0257

Стојков: Луѓето во општината ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели Македонци, а излегуваат со апсурдни ставови

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин реагира откако советниците во Благоевград остро се спротивствија на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, кое требаше да се случи на 30 месецов. 

Тој вели дека за Бугарија провокација е постоењето на македонскиот народ. Вели дека неразбирливо е како тоа Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите. Додава дека тоа е демократијата во Бугарија. 

„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков на својот Фејсбук-профил.

Бугарите пак тврдат дека Вапцаров бил Бугарин, и за нив е навреда да му се наметнува друга национална самосвест. Тие продолжуваат со тврдењата дека Македонците биле измислена нација. 

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден