03 Мај, 2024
0.0254

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПРВИОТ КВАРТАЛ - нето приходите од камати се задржаа на стабилно ниво

Објавено во: Финансии 29 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Периодот 1.1.2022 -31.3.2022 година се карактеризираше со намалено влијание на кризата од ковид-19 врз глобалните економски текови, со изразена неизвесност поврзана со конфликтот меѓу Русија и Украина, со проблеми во синџирите на снабдување и значителен раст на цената на енергенсите. Исправена пред новите предизвици, Стопанска банка а.д. Битола дејствуваше во насока на остварување на краткорочните финансиски и долгорочните стратешки цели, применувајќи флексибилен пристап кон промените во домашното и глобалното макроекономско опкружување.

Финансиски перформанси на Банката

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2022–31.3.2022 година се задржаа на релативно стабилно ниво, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година, од причина што фокусот беше ставен на поголема наплата на кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зајакнување на ликвидните средства во услови на изразена глобална неизвесност и контрола на расходите по камати. Следствено нето-приходите од камати се пониски за само 2,20 милиони денари, односно 2,16 отсто споредено со остварените во периодот 1.1.2021–31.3.2021 година. Остварувањето на планот за првиот квартал од 2022 година во оваа позиција изнесува 85,15 отсто.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 1,94 милиони денари, односно 2,61 отсто како резултат на нето-ефектот од зголемените приходи за 1,32 милиони денари и зголемените расходи за 1,91 милиони денари. На страната на приходите растот е главно генериран од провизии од кредитирање и картично работење, додека на страната на расходите најголема динамика на раст имаат расходите од работење со платежни картички. Остварувањето на планот за првиот квартал од 2022 година кај нето-приходите од провизии и надоместоци изнесува 85,87 отсто.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ, а планот за првиот кавртал од 2022 година е остварен со 76,01 отсто. Останатите приходи од дејноста се повисоки за7,55 отсто,што е главно резултат на остварени повисоки капитални добивки од продажба на преземен имот.Реализацијата на планот за првиот квартал од тековната година е 65,01 отсто.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основаизнесува -15,30 милиони денари и е поголема за 3,43 отсто споредено со издвоена исправка во првиот квартал од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основаизнесува -3,78 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 2,27% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 94,73%. Останатите расходи од дејностасе повисоки за 16,12%, а реализацијата на планот изнесува 87,20%.Амортизацијата е зголемена за 15,39% на годишна основа, а планот е остварен со94,74%.

Одразувајќи ги движењата во приходните и расходните позиции, а особено проценките за квалитет на кредитното порфолио изразени преку исправката на вредност на нефинансиските средства, во услови кога субјектите во економијата се соочуваат со тешкотии во работењето поврзани со високите цени на енергенсите и тесните грла во синџирите на снабдување, финансискиот резултат на Банката е негативен во износ од 8,91 милиони денари.

  1. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.2022–31.3.2022 годинанема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

  1. Дивиденди

Предлог-одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2021 година на Стопанска банка а.д. Битола ќе биде предмет на одлучување и усвојување на редовната годишна седница на Собранието на акционери.

  1. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата не бележат значајни промени споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

  1. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити не бележат значајни промени споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

  1. Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, Банката очекува пролонгирање на глобалната економска неизвесност и послабо остварување на бруто-домашниот производ од проценките во претходните квартали при раст на нивото на цени во домашната економија и во светски рамки. Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење надепозитниот потенцијал и поддршка на економијата преку кредитирање бонитетни клиенти - правни и физички лица, кон понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилени мерки и активности за 

наплата на нефункционални кредити, подобрувањена квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел да се приспособи понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент, а воедно и да се следи процесот на забрзана дигитализација во земјите во развој како последица на пандемијата од ковид. Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работењево согласност со планските цели.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција