28 Април, 2024
0.0272

СТОПИРАН ПРОЕКТ: Кредити за „Купи куќа, купи стан“ не се одобруваат од ноември лани!

Објавено во: Економија 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина година не се одобруваат субвенции за граѓаните  кои се заинтересирани за проектите „Купи куќа – купи стан“  и „Купи куќа за млади“. Проектите заглавија поради изборите од минатата година и фактот дека сеуште не е формирана Влада. Практично од ноември, па досега нема одобрено ниту една апликација за овие проекти.

„Комисии за апликациите за проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ не се одржуваат од распишувањето на изборите досега, поради законски одредби во Изборниот законик и Законот за спречување на корупција“, велат за Фактор од Министерството за финансии.

Сепак, оттаму додаваат дека огласите за проектот и натаму се во тек, но неизвесно е кога парите ќе почнат да се одобруваат.

„Објавен е јавен оглас кој важи од почетокот на март годинава до крајот на 2017 година, согласно кој граѓаните можат да аплицираат за проектот во банките кои се влезени во проектот“, велат за Фактор од Mинистерството за финансии.

Од банките пак посочуваат дека со оглед дека веќе подолго време не Министерството за финансии не одобрува субвенционирани кредити за стан и куќа, поголемиот дел од заинтересираните граѓани се одлучуваат да земат кредит од банките без поддршка од државата.

Ние примаме апликации од граѓаните кои се заинтерсирани за овие проекти, но секако им посочуваме дека времето кога ќе бидат одобрени не зависи од нас, туку од Министерството за финансии. Оние кои имаат време да чекаат ги оставаат апликациите и чекаат, но поголемиот дел пак ги повлекуваат и земаат станбени кредити, без субвенции, велат од менаџментот на една од банките во земјава кои се дел од проектот „Купи куќа – купи стан“

Освен исплатата на ваков вид субвенции, закочена беше и исплатата на сите други видови држвна помош, која не е во категоријата месечни исплати. Во таа група спаѓаа и земјоделските субвенции, за кои до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за оспорување на членот од Изборниот законик со кој се забрануваше исплата на субвенции кои не се месечни, се до формирње на Влада. Уставниот суд, пресече дека субвенциите за земјодеците ќе може да се исплаќаат, па оттука сега останува да се види како Министерството за финансии ќе постапи  за останатите субвенции по различни основи, вклучувајќи ги тука и субвенциите за прокетите „Купи куќа- купи стан“ и „Купи куќа за млади“.

За овие проекти пак, Министерството за финансии никогаш не ја кажа бројката на одбрени апликации и суми за граѓаните на кои им биле одобрени таков тип на кредити.

Н.С 


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка