Добивај вести на Viber
Странските директни инвестиции во периодот од 2003 до 2014 година се во пораст. Највисоко ниво е постигнато во 2007 година и тоа околу 733 милиони долари. Во 2008 учеството на странските инвестиции од технолошко индустриските зони било 3% додека пак 2009 било дури 51%, во останатите години тој е меѓу 12 и 13 проценти. Ова се само дел од наодите во новото истражување “Квантифицирање на ефектите од странските директни инвестции“, изработено од Центарот за економски анализи, како дел од проектот “Дијалози за визија“.
Истражувањето, кое се базира на утврдена методологија, открива сознанија во делот на државните субвенции, ефектите од странските инвестции и висината на платите во фабриките лоцирани во Слободните економски зони. Од друга страна, истражувачките констатираат дека анализите се правени во отсуство на целосни податоци од надлежните институции, но потпрени меѓудругото и на податоци
“Во согласност со европската регулатива за транспарентност на државната помош, Македонија не е усогласена односно висината на доделената државна помош не е позната, не е воспоставен регистар ниту пак мапа за регионална помош; наодите од државната ревизија укажуваат на неисполнување на законската обврска за известување на државната помош на дирекцијата, агенцијата, а ниту пак навремено известување на инвеститорите“, се вели во истражувањето на ЦЕА.
Според ова истражување, помошта изразена во директни субвенции и во даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнува и до 47 отсто од висината на средствата што ги вложиле во Македонија.
„Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра“, изјави Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи.
Еве дел од сознанијата од истражувањето:
-Според анализата,
висината на инвестициите во зоните како удел во вкупните странски директни инвестиции на годишно ниво учествуваат со 20% до 30%, освен во 2009 кога достигаат дури 51%, кога е првичната инвестиција на Џонсон Мети како значајна инвестиција по обем.
-Вредноста на
извозот на компаниите во зоните во вкупниот извоз од 2007 до 2009 година, според оваа анализа, учествуваат до еден процент, додека потоа
континуирано расте за да во 2014 година достигне 27%. Од 2010 година, учеството на извозот на компанијата Џонсон Мети е значително и најголемо и од вкупниот извоз од сите останати компании во зоните, со удел изнесува помеѓу 78% и 87% проценти (во 2011 и 2014)
-
Уделот на компаниите од зоните во целокупната бруто додадена вредност на национално ниво достига до неполн еден процентен поен во 2013. Бруто додадената вредност како компонента на БДП која го мери придонесот на секоја производител,
е видлив по 2011 година откако првите инвеститори почнуваат да генерираат добивка и истиот се зголемува со текот на времето. Најголем удел кој придонесува со најголем дел во бруто додадената вредност во 2013 година е Џонсон Мети како најзначаен по големина на приход и добивка во дадената година.
-Нето економските бенефити за државата, од компаниите кои оперираат во периодот од 2007 до 2014 година се позитивни за три компании и тоа Вистеон и Џонсон Мети како прво формирани компании со нето бенефити од 60,5 и 111,7 милиони евра соодветно, и
Ван Хоол со 4,3 милиони евра. Останатите компании имаат се уште негативни нето економски бенефити за државата кои се очекуваат да бидат позитивни во последователен период.
-Вкупниот трошок утврден со субвенционирањето и даночните ослободувања поделен со бројот на вработувања генерирани во периодот (3.008 нови вработувања во периодот од 2007 до крај на 2014 година за сите корисници) укажуваат на вредност која по ново вработување варира од најниски 7.534 евра кај Џонсон Контролс Штип, каде во апсолутен број имаме најголем број на вработени, до максимални 46.674 евра по вработување кај Џонсон Мети. В
о просек, во периодот кој го разгледуваме трошокот за државата по единица вработување изнесува просечни 21.454 евра за овие седум компании за периодот 2007 до 2014 (со дисконтен фактор од 8%).
-Ако се сумираат сите трошоци за сите компании може да се утврди дека
трошокот преку ослободувањата и субвенциите врз основа на дадените претпоставки,
за седумте компании од 2007 до 2014 година во апсолутна вредност изнесуваат 56,58 милиони евра, доколку истите ги дисконтираме вредноста во 2014 година изнесува 66,25 милиони евра. Изведено како процент од инвестицијата на приватниот ентитет односно корисникот, уделот на инвестицијата на државата варира од 5% до 47% во зависност од компанијата.
-Нето исплатените плати на вработените во компаниите во просек се на ниво на национален просек, но Вистеон и Мети имаат континуирано исплата на нето плати над просекот, што пак не е случај за останатите компании, односно Џонсон Контролс Штип, Витек и Кемет кои имаат потпросечни годишни нето плати.
Највисоко салдо на странски директни инвестции е измерено во 2007 година кога нивното учество во бруто домашниот производ изнесувало 9%. Во следните години е регистриран тренд на опаѓање , се до 2011 година кога има благото зголемување на 5% од БДП, додека во 2014 нивото на СДИ како удел во БДП изнесува 1%. Споредено со соседните земји, Македонија и Босна и Херцеговина имаат слична динамика и вредност на СДИ по глава на жител и тие бележат најниско, но постојано ниво на инвестиции по глава на жител во однос на другите соседни земји. Според податоците од базата на податоци на Светска Банка
18, Црна Гора и Бугарија бележат непостојан тек на СДИ, односно повисоки осцилации на вредноста по глава на жител, со пад на инвестициите во последните 4 години. Единствено Хрватска бележи значителен пораст на СДИ во 2014 споредено со претходната година, што не е случај во останатите разгледувани земји, се посочува во истражувачкиот труд на ЦЕА.
Како една од поентите в ова истражување е потребата од зголемување на транспарентноста во делот на информациите поврзани со бенефициите за странските инвеститори.
“Со цел зголемување на транспарентност потребно е унапредување на истата преку креирање и редовно ажурирање на регистар на државна помош, како и креирање на мапа за државна помош на национално и/или регионално ниво, со што ќе се унапреди транспарентноста, а и ќе се приближиме кон усогласување со ЕУ регулативата. Дополнително во согласност со препораките на ДЗР потребно е унапредување на критериумите за доделување на државната помош“, констатираат истражувачите од Центарот за економски анализи.
Д.А.