20 Декември, 2025
0.0471

СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ГИ КОРИСТАТ БЕНЕФИЦИИТЕ: расте извозот на автобуси од Македонија!

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2016 08:21

Добивај вести на Viber

Белгиската компанија Ван Хол, која е една од 14 те компании кои работат во слободните економски зони, ќе реализира нова инвестиција од 15 милиони евра во производствениот капацитет во Македонија. Таа ќе се реализира во следните 4 години, а ќе бидат вработени околу 400 нови работници. Неодамна, првиот човек на фабриката Филип Ван Хул потврди дека Македонија ја спасила неговата фирма од кризата: „Веќе не правевме профит во Белгија. Моравме да го спасуваме VAN HOOL. Го направивме тоа  преку нашиот бренд во Македонија“ за холандскиот магазин Тренд изјави Филип Ван Хул, извршен директор на фабриката за автобуси. Тој во статијата открива и дека во Скопје инвестирале вкупно 30 милиони евра, но дека 17 милиони евра биле субвенција од Владата на Македонија. Клучот на успехот шефот на компанијата го гледа во ниските трошоци во Македонија. Сега на промоцијата на новите планови Ван Хул најави и нови договори. „Планираме продолжување со инвестициските активности и сакаме да почнеме да произведуваме автобуси покрај за САД и ЕУ, и за Израел за што се во тек разговори за постигнување договор“, рече Ван Хол. Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години и првично најавените 13 милиони евра ќе достигнат вкупно над 40 милиони евра, од кои дел се субвенционирани од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?