07 Декември, 2025
0.0327

Стравот од трговска војна го потопи Волстрит

Објавено во: Финансии 07 Април, 2018 09:14

Добивај вести на Viber

Порастот на загриженоста од трговската војна меѓу САД и Кина ги потопи американските индекси. Разочарувачките податоци за вработување исто така негативно влијаеле на Вол Стрит, објавија CNBC.

Репер на блу чиповите Dow Jones отпиша 572,46 поени од вредноста, или -2,34%, до 23932,76, а Boeing и Caterpillar беа најлошо тргувани акции во индексот. Индекост на S & P 500 се намали за над 2,19%, или 58,37 поени, до 2604,47 поени, а најлош се претстави индустрискиот сектор. Технолошки NASDAQ изгуби 2,28%, или 161,44 поени, на 6915,11 поени.

Распродажбите се забрзаа во последните два часа од трговијата, откако претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави дека централната банка ќе продолжи да ја зголемува каматата оваа година. Некои трејдери се надеваа дека шефот на ФЕД ќе ја признае нестабилноста на пазарот во последно време, предизвикана од трговскиот спор.

"Ова всушност е реакција на Кина. Она што го гледаме од оваа администрација, е тенденција кон најгласните изјави, од кои сите се загрижени, и потоа наоѓање на прагматично решение. Разумот можеби ќе надвладее во иднина", вели Џеј Џеј Кинахан, главен пазарен стратег во компанијата TD Ameritrade.

Откако Кина најави нови давачки за 106 американски стоки во средата, претседателот Доналд Трамп се закани со нови давачки во четвртокот, велејќи дека побарал од трговскиот претставник на САД да се разгледаат дополнителни давачки за 100 милијарди долари против Кина.

Во петокот кинеското Министерство за трговија соопшти дека земјата нема да се двоуми да реагира со "голем одговор на новите давачки од САД".

"Кина, која е голема економска сила, се смета за земја во развој во рамките на Светската трговска организација. Затоа, тие добиваат исклучителни бенефиции и поволности, особено во однос на САД. Дали некој мисли дека ова е фер. Бевме слабо застапени. СТО не е фер кон САД ", напиша Трамп на Твитер подоцна во петокот.

Акциите на Boeing и Caterpillar, две компании кои можат да бидат погодени од трговска војна со Кина, поевтинија со над 3,5%. Акциите на големите технолошки компании исто така останаа на црвена територија. Акциите на Facebook и Amazon забележаа пад од над 2%, а Netflix избриша 2,2% од вредноста по краткото поскапување на акциите во почетокот на берзанската трговија.

Индексите за кратко се зголемија во средината на трговијата, откако официјален претставник на Министерството за економија на Мексико изрази убеденост дека нов договор за НАФТА ќе биде постигнат наскоро.

Но главните индекси се вратија на црвена територија, откако министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави дека постои можност за трговска војна со Кина.

"Ако дојде до нови давачки, тоа ќе и наштети на економијата", смета Скот Клеменс, главен инвестициски стратег во Brown Brothers Harriman.

Индексите паднаа по објавувањето на податоците за работни места во САД кои се послаби од очекуваните. Министерството за труд соопшти дека американската економија отворила 103 илјади работни места во март, додека економисти анкетирани од Ројтерс, очекуваа раст од 193 илјади работни места.

"За инвеститорите денешните податоци можат да се тешки за голтање покрај фактот на трговскиот конфликт, кој се чинеше дека се зајакнува со секој изминат ден", вели Мајк Лоуенгарт, потпретседател на компанијата за инвестициски стратегии E-Trade.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција