05 Мај, 2024
0.0250

Струјата ги гори големите компании! Зошто никој не им подава рака за спас на најголемите плаќачи на данок?

Објавено во: Економија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Струјата и горивата ги горат најголемите и најуспешни македонски компании. Ситуацијата е повеќе од алармантна, а реакциите на Бранко Азески, претседателот на најголемата бизнис комора се повеќе од оправдани. Ќе го вклучи ли и кога Владата алармот? Трошоците за суровини на големите производни и услужни компании вртоглаво пораснале во првите девет месеци годинава, особено се погодени услужните дејности, а силен е ударот и врз проиводните компании

Македонската индустрија е силно погодена од економската криза која најизразено се манифестира преку галопирачките цени на струјата и на горивата. Посилно или помалку интензивно, но многу се погодени сите најголеми производствени и услужни компании во земјава. Податоците за нивните оперативни трошоци се страшни за гледање, а особено поразителни се растовите на трошоците за суровини и други материјали кои ги плаќаат најголемите македонски компании – кои воедно се и најголеми плаќачи на даноци.

„Фактор“ ги анализираше најновите јавно достапни податоци кои големите домашни компании, чии акции котираат на Официјалниот пазар на берзата.

Стопанска комора на Македонија досега неколку пати апелираше залудно за владина поддршка на големите домашни компании. Од увидот во податоците за трошоците на големите компании се гледа дека апелите на комората биле навремени и оправдани. За жал поддршката за овие компании изостана затоа што Владата не одобри капацитетите на термоелектраната ТЕЦ Неготино да се стават на располагање на големите македонски компании. Со тоа тие планираа да го амортизираат ценовниот шок што секојдневно им го приредуваше цената на струјата на унгарската берза ХУПЕКС – која е референтна за нашиот пазар на електрична енергија. За жал големите македонски фирми беа оставени сами на себе да се справуваат со последиците на кризата.

Резултатите се повеќе од очигледни! Од анализирани 15 големи компании (според областите во кои работат) кај десет големи плаќачи на даноци трошоците за суровини и материјали под влијание на цените на струјата и горивата се зголемени од 70 отсто до 4 пати.

Најсилен бил ударот врз услужните компании и кај најголемите меѓу нив: „Макпетрол“, ОКТА, Фершпед и Македонски телеком.

Кај производителите најголем е ударот врз Макстил, ФЗЦ 11 Октомври, Факом, ТЕАЛ, Усје, Тиквеш и велешки Кристал 1923.

Очекувано најголеми трошоци за суровини и други материјали за првите девет месеци годинава имале двете компании од челичната индустрија Макстил и Либерти. Кај „Макстил“ трошоците за суровини и материјали се зголемени двојно и тие достигнале 106 милиони евра. Кај „Либерти“ тие и лани биле на тоа ниво.

Убедливо најголем раст на трошоците за суровини и материјали има кај големата кумановска компанија производител на цевки „11 Октомври“. Тие пораснале 4,8 пати во однос на истиот период 2021 година и сега изнесуваат 7,4 милиони евра.

Услужни дејности



Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години