05 Мај, 2024
0.0252

Струјата има предност пред исклучените од парно: До кога ќе плаќаат паушал

Објавено во: Економија 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Кратките рокови за да се подготват подзаконските акти кон Законот за енергетика кои ја регулираат електричната енергија, го пролонгираа процесот за решавање на ситуацијата со исклучените од парно кои се уште го плаќаат фиксниот надомест. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека веќе во октомври годинава ќе ја имаат и првичната верзија на Правилата за снабдување со топлинска енергија со кои треба да се утврди што точно ќе се случува со овој надомест. Дали ќе се укине ќе се утврди откако претходно, тој ќе состави работни групи на кои ќе се утврдуваат сите детали околу прашањето.

„Имавме кратки рокови за подзаконските акти за струјата. Но во септември ќе направиме работни групи во кои ќе членуваат и претставници од БЕГ, но и од здруженијата кои се незадоволни и исклучени од парното. Очекувам во октомври веќе да ја имаме првичната верзија која ќе ја дискутираме. Тогаш ќе се знае како ќе се регулира, што ќе се случува, вели Бислимовски за Фактор.

Исклучените од парно исто така се надеваат на позитивен исход. Тие до сега го плаќаа фиксниот надомест за топлинска енергија и покрај тоа што не користеа парно.

Кога се носеше законот за енергетика Владата соопшти дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, оваа година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот.

„Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, соопштија лани од Владата.

Сепак тие подзаконски акти се уште не се донесени, а најверојатно примената може да пролонгира уште неколку месеци.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години