СТРУЈАТА ПОВТОРНО СВЕТНА ВО КИЕВ - Кличко изгледа ги послуша критиките од Зеленски
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2022
Речиси цел Киев повторно има струја четири дена по разорниот напад на градската инфраструктура, објави воената администрација во главниот град на Украина.
Најголемиот дел од функционирањето на струјата, водата, парното и мобилната телефонија, нарачано е преку апликацијата Телеграм. Завршните работи на електричната мрежа продолжуваат, но можни се локални прекини поради големата потрошувачка.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој беше критикуван од претседателот Володимир Зеленски за пребавно враќање на услугите, рече дека работата продолжува со рекордна брзина.