06 Мај, 2024
0.0256

Струмица го одбележа Денот на заштитниците – Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Општина Струмица денеска го одбележа Денот на заштитниците, Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Во утринските часови во истоимената црква се одржа Света Божествена литургија на која што присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, градоначалникот Коста Јаневски, пратенци во Собранието на Република Македонија, членови на Советот на општина Струмица и голем број граѓани.

Одбележувањето продолжи со свечената седница на Советот на општина Струмица која точно напладне се одржа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“. Пред претставниците на Македонската православна црква и другите верски заедници, дипломатскиот кор во државата, претставници на централната и локалната власт и поголем број пријатели на Општината и почитувачи на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

-Поклонувајќи се пред ликовите и делата на Петнаесетте Божји апостоли и гледајќи ги нештата од денешна временска рамка, станува нужно  да ги ползуваме вредностите кои ни се оставени во наследство. Вербата, човечноста, љубовта, милосрдието, хуманоста и сите други доблести кои ги поседувале служителите Господови, треба да ни бидат пример за креирање на нашите животни патишта.  Ние треба  да бидеме достојни следбеници на она што ни е оставено на дар. На тој начин ќе си дадеме до знаење дека се чувствуваме должници на недолжните. На тој начин ќе ја покажеме постојаната грижа кон востановените вредности, кон традицијата и кон нашата Струмица. Таа наша Струмица треба да се сака, како што таа не сака. Ако го добивме  со убави белези овој град и со убав аманет од нашите предци, тогаш со уште поубави нишани треба да им ја оставиме на нашите идни поколенија. Тоа е наша обврска и наш завет кон градот во кој сме родени и во кој живееме. Но, имаме обврска и кон самите себе, едни кон други, оти ние сме дел од овој град, оти, ниту  Струмица ја бидува без струмичани, ниту нас струмичани не бидува без Струмица. Господ не дарувал со очи за да се погледнеме топло и пријателски, не дарувал со уши за да се ислушаме и за арно и за лошо, не дарувал со усти за да скршиме по некој убав збор, а не дарувал и со срца и души во кои ќе ја чуваме и со кои ќе ја сакаме Струмица. Но Господ ни дарувал и раце, за да си ги подадеме едни кон други, но и да сработиме со нив добри дела за нашиот град, во наше име и во името на сите поранешни и идни генерации струмичани. На тој начин ќе оставиме наш  белег во струмичкото битисување, оти овој град ниту започнал да постои од нас, ниту по нас ќе престане да постои, рече Јаневски.

На свечената седница на Советот беа доделени традиционалните годишни награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ на општина Струмица за 2017 година.  Наградата за животно дело ја доби Јован Џабулов за особен придонес во областа на архитектурата, а годишна награда за посебни остварувања добија Зоран Спасовза особен придонес во областа на спортот, Сречко Гунчевза особен придонес во областа на фотографијата, Магдалена Мафкова за особен придонес во областа на кулинарството, Верица Јанкова за особен придонес во областа на образованието, Роза Мојсовска за особен придонес во областа на сликарската уметност, екипата на филмот„Златна петорка“ за особен придонес во областа на филмската уметност и КГС„Партизан“ за особен придонес во областа на спортот и спортските активности.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ