06 Мај, 2024
0.0245

Студот најголем душман на бездомниците и сиромашните

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Педесет и пет годишната Селвет Мамедовски повеќе од седум години живее во старите и напуштени бараки на општина Бутел. Живот на минус 20 степени вели е вистинска  голгота за неа и за нејзиното семејство. Собира  хартија и пластични шишиња за да преживее. Но тоа  вели е колку таа и нејзината ќерка која е во седмиот  месец од бременоста  да не трпат за леб. За повеќе нема зошто во зима има помалку работа. Пред пола  година ја изгубила социјалната помош бидејќи навреме не се пријавила во Агенцијата за вработување, па системот како што вели веднаш ја исфрлил од листата и останала без и оние малку пари кои месечно ги трошеле за храна и сметки.

“Заборавив да се пријавам, од мака јас имам заборавено кој ден сме. Како да знам кога немам ништо, секој ден сум на улица. Ако има хартија или шишиња собирам, ама не сум само јас,многу сиромашни има кои живеат од истото. Живееме тешко, немаме пари, сега чекам внуче од ќерката. Една соба користам во старите бараки. Дува од сите страни, немаме за огрев. Замрзнуваме. Сега кога е ладно ни е најтешко. Во другата соба е мојот брат со две деца, лани му умре жената, па му помагам. Ама немаме ниту храна редовно, едвај по еден оброк од контејнери или по луѓе што ќе добијам. Работам колку за леб да извадиме, ама нема работа сега. Многу е ладно”- вели Селвет.

На нејзиното  измачено лице вели секоја брчка зборува за исто толку  проблеми. Над глава раскажува дека и виси и заканата за иселување.

“Неколку пати ни рекоа дека ќе не иселат од бараките. Секој ден живееме во страв. Овде нема услови, ама барем имаме кров над глава. Се плашам дека ќе останеме на улица со детето. Нема помош од државата, ниту институциите. За време на викендите одам по храна која ја даваат од хуманитарните организации. Некогаш ни даваат облека. Им побарав една греалка колку во собата малку топлина да имаме. Не се издржува без греење”- додава Селвет.

Очекува помош и разбирање од институциите и можност за вработување. Проблемот вели треба да се реши долгорочно.

Вчера екстремно студеното  време, со температури кои се спуштија и до минус 28 степени ја зема првата жртва во метрополата. Најзагрозени се бездомниците  чиј број само во Скопје е околу 150 лица. Четириесетина од нив повремено преноќуваат  во прифатниот центар во Момин Поток за да се засолнат од  ниските температури во Македонија.

Пунктот за бездомници кој е лоциран во Момин Поток е само дневен центар, кој работи во петок од 8 до 16 часот, во кој се нуди оброк, одржување на хигиена, капење, чиста облека која можат да си ја подигнат откако нечистата ја оставаат  за преперување. Таму има и медицинско лице кое може да ги прегледа оние кои самоволно доаѓаат и притоа им се обезбедуваат бесплатни лекови. Најголемиот дел од бездомниците и социјално ранливите категории кои немаат решено станбено прашање одбиваат да бидат сместени  во Центарот за бездомници во Чичино село бидејќи не се чувствуваат безбедни. 

Со децентрализацијата надлежноста за бездомниците е во рацете на општинските власти. Минатата недела скопскиот градоначалник најави  вработувања за бездомниците но без конретен датум кога ќе го реализира ветеното.

Според светските истражувања развиените држави проблемот со бездомништвото го решаваат  со тоа што големите компании ги ослободуваат  од плаќање давачки на годишно ниво, доколку инвестираат во изграда на домови за бездомници.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години