Судбината на џамбо џет А380 е во нивни раце
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2018
Европскиот произведувач на авиони Ербас ќе престане да го произведува скапиот џамбо џет А380, ако не постигне догорочен договор со компанијата Емирејтс за стабилни испораки.
„Ако не успееме да постигнеме договор со Емирејтс, немаме друг избор освен да го исклучиме тој програм“ , изјавил директорот на Ербас за продажба Џони Лихи, пренесува АП.
Додал и дека таа авиокомпанија „единствена има способност“ да се обврзе на купување од минимум шест авиони годишно во текот на најмалку осум до десет години.
Широкотрупниот авион А380, со патничка кабина на две нивоа, привлече големо внимание ширум светот кога прв пат полета пред повеќе од деценија, но и тогаш постоеше неизвесност по повод тоа дали ќе успее да привлече доволна побарувачка.
Ербас, исто тка соопштил дека лани продал 1 109 авиони со што го претекна ривалскиот боинг благодарение на низа договори склопени кон крајот на 2017-та