06 Мај, 2024
0.0289

Судиите од Управен суд „разголени“, Судскиот совет им го симна имунитетот

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Петмина судии од Управниот суд останаа без својот имунитет кој им следува со функцијата. По година и половина откако Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Титаник“ во кој се обвинети високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности, конечно и судиите осомничени во овој случај ќе можат да бидат повикани на распит во СЈО. Освен тоа, доколку СЈО побара, а Судот прифати, ним ќе може да им биде одреден и притвор.

Судскиот совет донесе одлука да им го одземе имунитетот на судиите обвинети за изборни злоупотреби преку носење на одлуки поврзани со изборите, а кои се опфатени во предметот „Титаник 2“.

Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзулаи.

Иницијативата за одземање на имунитетот дојде од судијката  Верка Петковска, од Кривичниот суд во Скопје, кај која било дадено обвинението на оценка и таа побарала мислење од Судскиот совет за имунитетот на кој се повикале судиите.

Судскиот совет сега треба да донесе одлука и за евентуално нивно суспендирање до завршување на претстојниот изборен процес за локалните избори, бидејќи тие судии повторно ќе треба да одлучуваат по жалбите на партиите.

Според Законот за судовите имунитетот ги штити судиите во следните случаи.

„Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судската одлука. И не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. За одземање на имунитетот на судиите одлучува Судскиот совет на Република Македонија. Постапката за одлучување за одземање на имунитетот на судијата е итна“.

Пред неколку месеци, осомничените судии кога беа повикани да дадат исказ во СЈО, се пожалиле во Судскиот совет, кој застана во нивна одбрана, тврдејќи дека не можело да одговараат за донесена одлука.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, застана во одбрана на осомничените судии и ја нападна обвинителката, Катица Јанева.

„Особено иритира изјавата на Јанева дека се води постапка за судии од Управниот суд. Тоа е конкретно напаѓање на еден суд и директно е рушење на угледот на тој суд и на целото судство. Многу граѓани имаат предмети пред тој суд. Да кажете за некои судии се води постапка, без да кажете за кои, за колкумина, дали за сите се води, имајќи го предвид функционалниот имунитет што го имаат судиите, е крајно неетичко, нецивилизирано и некултурно така да се изјави. Во нашата судиска и обвинителска етика стои дека тоа што сме го добиле како доверлив материјал за работа, можеме да го користиме само при извршување на работата, а не на интервјуа да се фалиме дека нешто за некого знаеме“, рече Караџоски.

На ова обвинителката Ленче Ристоска на прес-конференција на Караџовски му одговори:

„За Специјалното јавно обвинителство повикувањето судии на разговор не е начин за вршење притисок врз судиите. Против одредени судии отворена е истрага, не против сите судии во Управниот суд, и тие се повикани да дадат изјава во своја одбрана. Не се согласувам дека со нашето работење вршиме притисок, оти за нас сите се невини додека не се докаже спротивното. И други судии беа под истрага, а Судскиот совет немаше забелешки“, рече обвинителката Ристовска.

Сега откако им е одземен имунитетот, судиите практично се соголени од заштитниот оклоп кој им го дава судиската функција и во судот ќе се третираат како секој друг „обичен граѓанин“.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран