Судот го одби Морина
Објавено во: Македонија 07 Август, 2019
Томор Морина, поранешниот припадник на ОВК за кого се бара екстрадиција во Србија, е одбиен од Основен суд Скопје по неговото барање за ослободување од притвор.
Ова го потврди адвокатот Никола Наумов за ТВ21. Одлуката на Кривичен суд за тоа дали ќе им биде предаден на српските органи на редот, по неговото апсење на Блаце преку потерница на Интерпол, се уште не е донесена.
„Тие сметаат дека притворот не треба да биде прекинат“,рече адвокатот и најавил жалба на оваа одлука.
Морина е во притвор две недели, а во моментов косово бара негово ослободување.