04 Мај, 2024
0.0280

Сугарески: Парите ги имаме, ќе градиме локални патишта во 80 општини

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски годинава ќе се концентрира на проектот за поврзување локални патишта.

„Проектот предвидува инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини во државата, вклучувајќи ги и општините во градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата, директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини. Вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра, средства обезбедени од Светската банка, за што Собранието го изгласа Законот за задолжувањето, а Министерството за финансии веќе го потпиша договорот со Светската банка и средствата ни се дадени на располагање. Секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светската банка на располагање има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиона евра“, рече министерот за транспорт Горан Сугарески.

Годинава ќе се работи и на гасификацијата. Во втората половина од 2020, преку Националните енергетски ресурси ќе се распишат јавни повици за изградба на магистралниот гасовод Велес – Свети Николе и магистралниот гасовод Гостивар – Кичево.

„Веќе се преговара со ЕБОР за финансирање на проектот и очекуваме да има позитивен одговор од нивна страна. Тоа што е многу важно, оваа година ќе заврши изградбата на делниците од Неготино преку Прилеп до Битола и делницата Скопје – Тетово – Гостивар“, нагласи министерот.

Министерството годинава ќе посветиме посебно вниманите на изградбата на железницата кон Бугарија. 

„Оваа година очекувам многу силно темпо за изградба и до крајот на годината, конечно, да го завршме делот од Куманово до Бељаковце. Исто така, знаете дека во овој момент тече тендерската постапка за изградба на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. 15 компании се влезени во тендерската постапка и заедно со ЕБОР се работи на евалуација на понудите. До крајот на годината очекуваме да се избере изведувач и да почнеме со работа на терен“, рече Сугарески. .

За десетина дена почнува и изградба на канализацијата во Визбегово, што беше едно од најгласните барања на стопанствениците што работат во индустриската зона. Исто така, ќе се работи и на изградба на канализација во Арачиново и во Волково.

Ќе продолжи и финансиската поддршка за нови авиолинии. 

„Континуирано ќе го промовираме Охридскиот аеродром, очекуваме нови линии оваа година, така што интензивно ќе се работи на унапредување на авиосообраќајот во земјата“, рече Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите