СУМАТА ОТКРИЕНА: Колку пари ќе „лапне“ кампањата за референдумот ?
Објавено во: Економија 23 Август, 2018
Македонија се подготвува за референдумот а прашањето на кое граѓаните ќе треба да се изјаснат е „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.
Деновиве стартува и кампањата а веќе е позната и сумата која ќе се издвои од тековната буџетска резерва за кампањата за референдумот која ќе ја водат Собранието и Владата.
Скоро 80 милиони денари ќе имаат на контото за располагање двете институции за кампањата за претстојниот референдум.
На координативниот состанок кој го имаа првите луѓе на пратеничките групи без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ е договорено да се формира Координативно тело за спроведување на референдумот.
Талат Џафери ќе го раководи тоа тело додека членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.
Вечерва завршува и јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.