Суомалајнен: Избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2016
Мислам дека добри мерки се преземаа со цел да се осигури дека избирачкиот список е кредибилен, изјави шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Таа вели дека избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, а не таа од пред 10 или 5 години и да подлежи на автоматски периодични проверки.
„Мислам дека добри мерки се преземаа со цел да се осигура дека избирачкиот список е кредибилен. Секако избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред 10 или 5 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски. Секоја година, да речеме, на 1 јануари, кој живее таму гласа во таа изборна единица. Така што, на истиот начин како изборните единици, така и избирачкиот список треба да подлежи на автоматски периодични проверки. Сега беа преземени некои мерки во однос на овие речиси 40 илјади луѓе. Некои од нив повторно се регистрираа, а за останатите се уште ќе има шанса да се регистрираат пред изборите. Што се однесува до оние 170 илјади на дополнителната листа, за индивидуите за кои се верува дека најверојатно се во странство, се постигна согласност да има дополнителен мониторинг на изборите. Мислам дека е направен добар напредок во вистинската насока“ - вели таа.
Вели дека ОБСЕ планираат да дојдат во редовна набљудувачка мисија за изборите во Македонија.